Ново

loading...

Дали крцкањето прсти е штетно?















Како настанува звукот на крцкање?

Просторот помеѓу зглобовите се зголемува, па гасовите во синовијалната течност која ги помачкува зглобовите создаваат микроскопски меурчиња.

Овие меурчиња се спојуваат во поголеми кои пукаат кога дополнително ќе навлезе течност за да ги пополни празнините настанати со растегнувањето.

Кога зглобовите еднаш ќе крцнат, не може да крцнат повторно отприлика петнаесет минути. За тоа време, зглобот постепено се враќа во нормална положба, а во течноста се создаваат нови меурчиња со гасови, па стануваат повторно подготвени за пукање.

Дали крцкањето е штетно?

Доколку се анализира процесот од чисто техничка перспектива, се наметнува заклучокот дека честото пукање би требало да е штетно, бидејќи постои можност во процесот да се оштети ‘рскавицата со која е обложен зглобот. Меѓутоа, нема медицински докази за таков заклучок.

0 коментари