Ново

loading...

Појадок важен за децата

Неопходно е потребно децата кои одат на училиште да појадуваат. Иако некои деца немаат доволно време, или одбиваат да јадат, сепак треба да знаат и тие и нивните родители дека појадокот за децата, за учениците е неопходен и најважен.


Затоа без појадок, не би смееле да излезат од дома. Тоа треба да стане една од најважните навики во исхраната. По неколку часа, иста така, е потребна ужинка понесена од дома или најдоро да биде подготвена во училишната кујна.



Појадокот ги прави децата поспособни да ја следат наставата, подобро да ја разбираат и да постигнуваат подобри резултати, едноставно речено ги прави поумни, изјавија експерти од британскиот Институт за образовна политика. Покрај тоа што ја подобрува моќта за подобро учење, нивото на шеќерот им е во нормални граници, а при глад тоа паѓа и доаѓа до хипогликемија со неповолна симптоматологија.


Истовремено е установено дека со оваа неопходна и корисна навика се подобрува навременото стигнување и редовноста на наставата, учениците стануваат многу поодговорни.

Нутриционистите тврдат дека умствената работа најсилно се стимулира од следните храни:
млеко и млечни производи, јајца, риба, жита, зеленчук во супи, потоа компири или двопек или уште подобро потпечен интегрален леб намачкан со путер и мед.

0 коментари