Како да и одолееш на храната

По здрав појадок, нема да добиете „напад“ кога ќе видите разни слатки на масата. Затоа наутро направете си тост, житарки, јајца и сирење кои ќе ви дадат сила да издржите до ручек.
2. Не е време за диета
Не грижете се ако видите полн сад со колачиња. Насмевнете се и земете едно, не треба од се да се откажете.
3. Барем дома вежбајте
Не паничите ако пропуштите еден час аеробик. Најдоброто и најрационално додека гледате телевизија, можете да вежбате и дома. Најважно е по ручекот да не прилегнувате, туку треба да прошетате.
4. Мама не е виновна!
Не обвинувајте ја мајка ви што знае да прави убави чоколадни колачиња, а вие не можете да им одолеете. Обидете се да не ги броите калориите и меѓусебно да се обвинувате.
5. Не ги исфрлајте оревите
Не е важно што секое оревче има шест калории! Тие се добри за здравјето го намалуваат холестеролот и болестите на срцето.
6. Јадете но не навечер!
Стручњаците велат дека единствен начин да се има добра линија останете слаб е да јадете и тоа неколкупати дневно. Појадокот нека биде најобилен, а вечерата нека биде најмалку калорична. Немојте да јадете доцна навечер!
7. Протегнете ги нозете!
Знаете ли дека луѓето кои секогаш користат автомобил или автобус се подебели од останатите? Наместо со автобус, тргнете пеш или со велосипед како кинезите, швеѓаните, холанѓаните и други мудри народи, Ќе се чувствувате многу подобро и ќе согорите неколку калории.
0 коментари