Ново

loading...

Правилно комбинирање на храната




















Основните принципи на правилното комбинирање лесно се паметат и следат. Придружувањето на овие прнципи со време станува рутина.

1. Најидеално е ако протеините се комбинираат со протеини, јагленохидрати со јагленохидрати, овошјето мора да се јаде само.

2. Започнете секој ден со некои ензимски овоштие. Тоа може да биде ананас, јагоди, грозје, лубеница, киви, сливи, кајсии или смокви. Можете да јадете колку што сакте, но само еден вид истовремено. Не е препорачливо да мешате на пример, јагодите и грозјето. Почекајте барем еден час пред да земете друг вид овошје. Исто така треба да минат 2 часа ако сакате да јадете некој друг вид храна.

3. Ако пак по овошјето јадете некој друг вид јагленохидрати, можете да ги земате без ограничување, се додека не приминете на протеини.

4. Но ако приминете на протеини, дури ако сте ставиле и малку млеко во кафето, или сте изеле салата од пилешко месо, вашата исхрана во текот на денот би требало 80 отсто да биде веќе протеинска.


5. Јагленохидрати се: зеленчук, салати, пченични снегулки, скроб и тие главно не се комбинираат со протеини.

6. Протеини се: месо, риба, млеко, јогурт, сирење, ореви, семки, сладолед - и тие главно не се комбинираат со јагленохидрати.

7. Исфрлете ги од употреба диеталната сода, сахаринот, кремовите, шлагот, маргаринот (се она што се прават без млеко). Ограничете ја употребата на сите прехранбени продукти што содржат вештачки состојки и додатоци.

Алкохолните пијалоци главно спаѓаат во јагленохидрати (пиво, виски, рум вотка, текила) и треба да се пијат во време кога земате јагленохидрати: виното спаѓа во овошје и може со него да се комбинира,  шампањското е неутрално и се пие со кое било друго јадење.

0 коментари