Ново

loading...

Тиквата - лек за мочниот меур

Ова растение во себе има голем број лековити состојки. Се користат месото на тиквата и семките.

Месото е добро за диетална исхрана, особено за лекување на дебелината (отстранување од организмот на вишокот вода), а е одлична состојка во исхраната на дијабетичарите зошто содржи ензими кои ги разградуваат скробот и шеќерот.



Народната медицина ја препорачува тиквата за лекување на болните бубрези и на мочниот меур, тоа е така-наречен диетален третман со тиква. Треба да се подготват неколку парчиња од тиква исечени на коцки и два зрели домати. Смесата поелка се динста на тивок оган, а потоа се додава исецкана главица црвен кромид. При крајот на смесата се прелева со две жалици слатка павлака. Таа не смее да се соли, а се јаде еднаш дневно.


Семките од тиква содржат лековити материи, есенцијални масни киселини, лецитин кој како природен емулгатор ги снабдува крвните садови и салицилна киселина која го спречува згрутчувањето на крвта. Излупените семки ги отстрануваат црвените паразити - глистите, црвите, тенијата, а маслото од лушпаат на семката влијае против болестите на простатата. Се произведува и во вид на додаток (суплемент) во форма на перли или капсули.

0 коментари