Ново

loading...

Зошто треба да јадеме бавно ?


На мозокот му се потребни 10 минути за да сфати дека телото примило доволно храна, тврдат
американските научници.

Струдијата спроведена во Универзитетот на Флорида покажа дека временскиот период меѓу консумирањето на храната и испраќањето на „информацијата“ за заситеноста до мозокот може да предизвика прејадување кај некои луѓе.

Научниците сугерираат дека откритијата можат да ги подобрат дијагностицирањата и третманите кај луѓето со прекумерна телесна тежина и проблеми со исхраната.


Оваа откритие ја поткрепува долгогодишната препорака „не јадете брзо“. Бавното консумирање на храната овозможува повеќе време за изразување на чувството на исполнетост, особено кај луѓето со зголемена телесна тежина, кај кои сигналите за прејаденост се побавни и послаби, изјави професорот Питер Фокс од Универзитетот во Тексас, кој учествувал во истражувањето.

Прекумерната телесна тежина меѓу децата во САД е многу добро документирана, но неодамнешните истражувања сугерираа дека проблемот се шири и низ Европа. Прекумерната телесна тежина е поврзана со дијабетисот, срцевите заболувања и со ракот во подоцежните години, а веќе постои валиден докз за такви случаи и кај млади луѓе.


0 коментари