Ново

loading...

Кој не смее да пие вино


Виното дејствува како ефикасно средство за смирување, помага при лекувањето на воспаление на дебелото црево, грчеви во стомакот, запек и против губење на апетитот. 

Голем број трпезни вина се богати со железо, па затоа ги користат анемичните луѓе. Освен тоа, десертните вина содржат и големи количества витамин Б.

Меѓутоа, не може а да не се истакне дека постојат состојби кога не е дозволено да се консумира ни мали количини вино. 


Тоа се болестите на црниот дроб, чир на желудникот и на дванаестопрсното црево, воспаление на устата и на грлото и секако алкохолизмот. 

Виното, всушност, како и секој друг алкохол мораат да го одбегнуваат сите оние што употребуваат лекови особено средства за смирување.

0 коментари