Крофни - Вистински домашен вкус

Потребни состојки за вкусните крофни се следниве:
За тесто:
1кг Сенаменско бело брашно
400мл млеко
3 јајца
200мл масло за јадење
200г шеќер
40г квасец
1 ванилен шеќер
Декорација по желба:
Шеќер во прав или растопена чоколада
Постапка:
Се замесува изедначено тесто од горенаведените суровини, се покрива и се остава на топло околу 30 мин.
Се сука кора од околу 1.5 до 20 cm и со чаша се вадат форми во облик на крофна кои се редат на послужавник посипан со брашно и покриени се оставаат да стасаат.
Потоа крофните се пржат во длабок сад полн со масло за јадење. По желба
крофните се декорираат со шеќер во прав или со растопена чоколада.
Во продолжение неколку предлози за декорација, уживајте!
0 коментари