Грашокот го забрзува метаболизмот

Ова растение има многу лековити состојки. Поради тоа, секогаш е добредојдено во исхраната и може да биде подготвен на различни начини: како мезе, во салати, супи и како главно јадење, со сите видови на месо, ориз, компири и слично.
Содржи многу калории, јаглехидрати, протеини и растителни влакна. Богат е со калиум, железо, витамини (А, Ц,Б1, Б9). Свежиот млад грашок е богат со корисни состојки, додека сувиот грашок има најмногу калории.
Редовното консумирање на ова растение ќе обезбеди постојан прилив на енергија, притоа го забавува порастот на гликоза и нивото на холестерол во крвта. Витаминот Б1 има позитивен ефект врз нервниот систем и метаболизмот.
Грашокот е многу корисен за метаболизмот на луѓето кои се долго време под дејство на антибиотици.
0 коментари