Ново

loading...

За здраво срце - вежбање

Американските истражувачи велат дека физичките вежби помагаат во намалување на ризикот од срцев удар. 

Иако веќе е добро познато дека диетата е вежбите го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, еден тим истражувачи од Медицинскиот центар во Дарам, Северна Каролина, утврдил дека е потребен еквивалент на џогирањето од 32км неделно за да се произведе значително количенство „добар“ холестерол. 

Послабите вежби, кои се еквивалент на трчање 18км неделно, даваат послаби резултати, велат тесотивте провдени на 111 лица со прекумерна тежина, кои биле вклучени во 8-месечен режим на вежбање. Холестеролот може да ги блокира артериите и да придонесе за појава на срцеви заболувања, а него го има во „лоша варијанта“, наречен ЛДЛ, кој таложи мрснотии и во „добра варијанта“, како ХДЛ, кој ги носи мрснотиите. 

Од испитувањата научниците заклучиле дека должината на вежбањето има поголемо влијание отколку интензитето на вежбањето. Затоа, за подобро здравје треба да се вежба умерено и долго, наместо интезивно и кратко.

0 коментари