Ново

loading...

Нови сознанија за стариот пријател - Лукот




















Две нови истражувања во Институтот „Вајцман“ во Израел отрија молекуларен механизам што служи како основа на терапевтските ефекти на лукот.

Резултатите од истражувањето се објавени во најновата публикација на американското Друштво за микробиолошки и антимикробски агенси и за хемотерапија, со објасување како алицинот се бори против инфекциите.

Истражувањето, всушност, покажа дека лукот е извонреден антимикробски лек, кој може да онеспособи голем број патогени микроорганизми, вклучувајќи ги и бактериите, габичките и вирусите.


Втората студија ја третира улогата на алицинот во спречување на болестите на срцето. Во двете истражувања се октрива молекуларниот механизам со чија помош алицинот блокира одделни групи ензими.

Тимот истражувачи од одделението за биолошка и за органска хемија открија дека алицинот ги убива амебите што предизвикуваат дизентерија. Научниците тврдат дека заради тоа би можело да се користат како терапија против бактериите што развиле отпорности на некои антибиотици, со оглед дека слична ензимска активност е присутна и во формирањето на холестеролот.


Истражувачите веруваат дека алицинот би можел да го спречи неговото создавање и таложење на внатрешните ѕидови на коронарните артерии.

0 коментари