Кога
првпат го зготвивме ова јадење дома тоа веднаш стана едно од омилените
семејни јадења и сигурни сме дека и Вие ќе го засакате.
Комбинираме
неколку класични вкусови, а подготовката е многу едноставна. Потребни се
само 10 до 15 минути за подготовка на ова јадење.
Состојки
2 пилешки гради
50 грама пармезан
75 грама чијабата презла
една рака Чери домати
250 милилитри доматно пире
сол и бибер
маслиново масло
Подготовка
Чекор 1: ВРЕМЕ Е ЗА СЕЧКАЊЕ: Земете ги пилешките гради и исечете ги на парчиња со
широчина од приближно два ипол сантиметри.
Чекор 2: ВРЕМЕ Е ЗА ПРЖЕЊЕ: Загрејте ја тавата на висока температура и потоа зачинете го пилешкото со сол, бибер и маслиново масло.
Ставете го пилешкото во тавата и во неа расфрлете неколку Чери домати.
Превртувајте го пилешкото додека добие убава боја на сите страни.
Пилешкото треба да впие вкус и да добие боја, но не треба до крај да се
зготви бидејќи подготовката на јадењето ќе ја довршиме подоцна во
рерната.
Чекор 3: Следно, ќе ја подготвиме тавата за во рерна. Земете ја Делимано тавата за печење и нанесете го доматното пире на дното.
Наредете го пилешкото на средината од тавата и потоа ставете ги и Чери доматите.
Иѕвалкајте го пилешкото во презла. Користиме чијабата презла која
намерно ја оставивме да се збајати и потоа ја иситнивме во блендер.
Следно, изрендајте убава количина пармезан одозгора.
Зачинете со сол и бибер пред да ја ставите тавата во рерна.
Чекор 4: Ставете ја тавата во рерна загреана на 150 степени и печете од 20 до 25 минути.
Проверете го пилешкото по 20 минути, за да видите дали добило боја од горната страна.
Извадете го кога ќе биде готово. Чекор 5: Време е за сервирање: Прво ставете го
пилешкото во чинија. Потоа ставете Чери домати од двете страни и на
крајот ставете го преостанатиот сос.
СОВЕТ: Ова е навистина лесно и вкусно
јадење кое можете набрзина да го зготвите на крајот од напорниот ден, за
да го усреќите гладното семејство. Пилешко, пармезан и слатки Чери
домати – што може да не успее?
0 коментари