Ново

loading...

Пиперките - Богатство на витамини

Пиперката е едногодишно зелјесто растение. Се разликуваат два вида пиперки: слатка и лута, а лутината потекнува од алкалоидот касаицина.


Инаку, овој зеленчук содржи 1,3 проценти белковини, 5,7 проценти јаглени хидрати, целулоза и минерали (натриум, калиум, калциум, магнезиум, фосфор, хлор, железо, манган, цинк, бакар и јод). Од витамините најмногу содржи Ц, Б, ПП, Е, фолна киселина.




Во народната медицина пиперките се препорачуваат во исхраната, на слаби и болежливи деца, трудници, постари луѓе, срцеви болни, а препарати во форма на алкохолен екстрат, масти и фластери, направени од лута пиперка, се користат надворешно, при лечење на ревматски заболувања, измрзнатици, воспаление и парализа на мускулите.

Капките направени од пиперка можат да бидат и штетни. Ако во исхраната се користат во поголемо количество, предизвикуваат изгореници на кожата. На болните од чир на желудникот и на дванаесетпалачното црево, не им се препорачува лутата пиперка.

Инаку во прехранбената индустрија пиперката се користи и како зачин и како антиоксиданс.


0 коментари