Слабеењето низ прашања и одговори

1. Ако извесно време гладувате, потоа ќе можете да јадете колку што сакате, а сепак да не добиете прекумерни килограми.Не е точно. Организмот мошне брзо се навикнува на определено количество храна. Токму затоа, доколку по упорно гладување почнете повторно да уживате во храната, сите килограми многу бргу ќе ви се вратат.
2. Еднаш дневно морате да изедете топло јадење.
Не е точно. Важно е само преку денот во организмот да се внесуваат продукти кои во себе содржат масти, белковини, јаглени хидрати, баластни и минерални материи и витамини и тоа во соодветни количини. Сосема е сеедно дали јадењето ќе го изедете топло или на собна температура.
3. Да се земат три оброци дневно е подобро отколку пет.
Не е точно. Од три обилни оброци повеќе ќе се здебелите отколку од пет помали кои ќе ги земете во рамномерни растојанија, преку целиот ден, се разбира, пресудно е тоа што и колку ќе јадете.
4. Двопекот има помала енергетска вредност отколку лебот од полно пченично зрно.
Не е точно. Двопекот има една и пол пати поголема енергетска вредност отколку лебот од полно пченично зрно.
5. Маргаринот има многу помала енергетска вредност од путерот.
Не е точно. Една порција (20гр.) маргарин има занемарливо помала енергетска вредност од истото количество путер. Според тоа, скоро е сеедно дали ќе јадете путер или маргарин.
6. Овошниот шеќер има помалку калории отколку шеќерот кој секојдневно се употребува во домаќинството.
Не е точно. Една лажичка овошен шечер има 125 џули, а исто толку има и обоениот шеќер.
7. Само во спортски активности може да се симне вишокот на килограми.
Не е точно. Или подобро речено само делумно е точно. За да загубите еден единствен килограм би требало 15 часа да возите велосипед или да трчате 12 часа. Подобро е ако се води сметка пред се за исхраната, се разбира со совет од диетолот но потребна е и физичка активност.
8. За време на држењето диета задолжително треба да се земаат витамински апчиња.
Н е точно. Доколку се придружувате кон „правилата и програмите“ за диета составени од стручњаци, диетолози, тогаш не ви се неопходни дополнителни витамини. Единствено, доколку ја држите диетата подолго време од шест недели и ако во организмот секојдневно внесувате 41000 џули, тогаш морате дополнително да земете железо и витамини Б комплекс.

Не е точно. Ниеден продукт сам по себе не може да влијае на намалувањето на колограмите, па дури ни јогуртот. При изборот на млечни продукти треба да се води сметка за процентот на маснотии што ги содржат. Доколку процентот на маснотии е помал, тогаш е помала и енергетската вредност на тие производи.
10. Од банана се гои.
Не е точно. Едн азрела банана има точно 20 проценти овошен шеќер и околу 520 џули. Тоа е здрав меѓуоброк, кој наедно дава и чувство на ситост.
11. За време на држењето диета желудникот се збрчкува.
Не е точно. Кога држите диета го навикнувате својот организам на определена количина храна. А всушност желудникот секогаш ја задржува истата големина.
12. Пополните лица кои добро се чувствуваат никога не треба да држат диета.
Не е точно. Лицата кои имаат вишок килограми ризикуваат да ја загрозат својата здраствена состојба. Пред се, се јавува висок крвен притисок, доаѓа до заболување на срцето и на крвните садови, а можно е да заболи и од дијабетес.
13. Саканата тежина е наедно и идеална тежина.
Не е точно. Долго време се сметал одека идеалната телесна тежина е онаа што човекот сака да ја има и за која смета дека сосема „добро му стои“. Денес се знае дека не постои иста идеална телесна тежина за сите луѓе. Добра ориентација дава индексот на телесната маса (Б.М.И.)
0 коментари