Ново

loading...

Видео рецепт: Лиснати кифлички во повеќе форми















Денес ќе готвиме заедно со Даниела, готвач член на нашата веб-страница.

Даниела ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Лиснати кифлички во повеќе форми.

Лиснати кифлички во разни форми и полнети со повеќе филови. Одберете кои ќе ви се допаднат, или направете ги сите!
ComplexityСредноPersons8 лицаTime1 час – 2 часа
Состојки
  1. 1 кг. брашно
  2. 300 мл. млеко
  3. 300 мл. кисело млеко
  4. 2 јајца
  5. 1 свеж квасец
  6. 1 лажица сол
  7. 2 лажици шеќер
  8. 250 гр. маргарин
  9. 150 мл. зејтин
  10. За ФИЛ 1 ќе ви треба:
  11. 2 лажици павлака
  12. 1 жолчка
  13. 50 гр. путер
  14. За ФИЛ 2 ќе ви треба:
  15. 2 лажици павлака
  16. 50 гр. сирење
  17. 1 белка
  18. За ФИЛ 3 ќе ви треба:
  19. 50 гр. шунка
  20. 50 гр. кашкавал
  21. За ПРЕМАЧКУВАЊЕ ќе ви треба:
  22. 1 јајце


 


 Подготовка

Чекор 1: Квасецот ставете го со шеќерот и млакото млеко да стасува.
Брашното просејте го, додадете ја солта и со стасаниот квасец и млекото замесете тесто. Додадете го маслото и месете додека добиете мазно тесто.
Тестото премачкајте го со масло, покријте го со крпа и оставете го да отстои околу 30 минути. Во меѓувреме подгответе ги филовите со павлака, сирење и филот од шунка и кашкавал. Или подгответе фил по ваша желба.
Чекор 2: Откако ќе стаса тестото , земете дел од тестото и изработете го повторно. Расукајте тенка кора и премачкајте ја со маргарин.
Чекор 3: За формирање на кифличките можете да користите разни форми и филови по желба.
За кифличките со фил од павлака расукајте ја кората, премачкајте ја во ролна и сечете триаголници.
За кифличките со форма на ружа од тенка лента завиткајте ролна и засечете до ножички.
На стапчиња од трска или пченка завиткајте од лиснатото тесто да добиете вртени кифли.
За кифличките цветови, исечете 2 цвета со калап, на средината ставете маргарин, ставете ги еден врз друг и притиснете на средината. Ставете лен.
За чворчињата, направете тенка ролна и врзете ја во чвор, па затворете ги краевите.
За ролничките кората наполнете ја со фил од шунка и кашкавал, свиткајте ја во ролна и сечете парчиња од 5 сантиметри. Направете им засеци од горната страна.
За да направите пекарски прсти, исукајте тенка коричка, засечете ја на краевите, ставете една лажица од филот со сирење и свиткајте во ролна.
Чекор 4: Откако малку ќе стасаат кифличките премачкајте ги со јајце и наросете семиња по желба. Печете ги во загреана рерна на 200 степени, околу 15-20 минути.
Сервирајте ги на голема чинија или даска.
СОВЕТ: Се надеваме дека со овој рецепт ви дадовме доволно идеи какви кифли може да направите. Ги очекуваме и вашите идеи.

Извор: Мои Рецепти  

0 коментари