Диета 90 дена

Летово е на самиот праг, а совршеното и идеалното тело е несомнена желба за секого. Диетата 90 дена е токму онаа што е вистинскиот избор за намалување на вишокот килограми.
Резултатите од диетата се одлични, и секако резултатите ќе дојдат сами по себе уште на почеток односно во првите 20 до 30 дена. Со оваа диета освен што ќе ги изгубите вишокот колограми, туку и ќе го промените и метаболизмот па изгубените килограми нема да може да ви се вратат.
Диетата како што рековме трае во период од 90 дена, и за овој период од 3 месеци можете да загубите од 18 до 25 килограми. Потенцираме дека одлични резултати може да постигнете уште во првите 20 до 30 дена. Доколку секако се разбира сакате да ослабеете помалку односно да загубите помалку килограми диетата ќе можете да ја прекините порано.
Важно за диетата е тоа што, секогаш започнува со протеински ден, потоа следи скробен ден, па јагленохидратен ден, овошен ден и повторно претеински ден. Редоследот не смее дас е менува!
За доручекот напоменуваме дека сите 90 дена (или онолку колку што мислите дека имате потреба да ја држите) се јаде само овошје. Се дат по две исти овошја или еден грст суво овошје.
Прв ден - протеински ден
Ручек: Месо - варено или печено (3 парчиња 250 гр.) или 3 варени јајца, едно парче леб, салата во неограничени количини. Супа но без резанци.
Во овој ден исто така може да се јаде и сирење или млеко, но во тој случај месото односно на јајцата треба да им се преполови количината.
Вечера: Истото тоа што сте го имале за ручек, но без супа.
Задолжително е доколку за ручек сте јаделе месо и вечерата да ви биде месо или во зависност што сте јаделе за ручек тоа и за вечера.
Втор ден - скробен ден
Ручек: Грав, грашок, спанаќ, компир. Истите се приготуваат варени и единствено зачинети со сол, вегета, кечап или верен домат. Можете да земете едно парче леб и салата.
Вечерата исто како и ручекот со тоа што дозата треба да ја преполовите.
Трет ден - јагленохидратен ден
Ручек: Варени тестенини зачинети со кечап, или пак пица со кечап, а може и бело печиво, на пример две до три кифли.
Вечера: Две парчиња торта, или три до четири колачиња, или кап четири топчиња сладолед. Задолжително е еден ред заколада за готвење.
Четврти ден - овошен ден
Ручек и вечера само мешано овошје, во неограничена количина.
Откако ќе го поминете циклусот (7х4 дена), односно 29 дена (три пати во текот на диетат), се држи воден ден. Се пие само вода евентуално можеда додадте и чај но без шеќер.
После овошниот и водениот ден се продолжува со претеинскиот ден.

Кафе и чај може да пиете но без шеќер, додека соковите сведете ги на минимум. Се што е наведено треба да се јаде бидејќи има своја улога во организмот.
Овошјето е задолжително да се јаде наутро, бидејки најбрзо ке му даде енергија на организмот. Чоколадата го штити организмот од можни алергии.
Количините на храната се поголеми од вообичаено, а намирниците подесени за нашите услови и поднебје. Мора да бидете доследни и упорни.
Може да се случи првите 10 дена да не дојде до намалување на килограмите, но потоа нагло ќе загубите 3 до 4 килограми.
После 90 дена диета уште толку за доручек се јаде само овошје, додека со ручекот и вечерата се враќате по стариот начин на исхрана. Во тој период треба да изгубите уште 3 килограми што е показател на промената на метаболизмот. Доколку не сте задоволни од постигнатата тежина истата диета може да ја повторите, но после 3 месеци!
0 коментари