Ново

loading...

Видео рецепт: Кинеска пилешка салата



Фичо ќе подготви пилешка салата на кинески начин, со слатко-кисел прелив од масло од сусам.
ComplexityЛесноPersons4 лицаTimeдо 30 мин
Состојки
  1. За САЛАТАТА ќе ви треба (1 шолја=240 мл):
  2. 500 гр. пилешки стек
  3. Ајсберг или кинеска марула
  4. малку црвена зелка
  5. 2 мали лукчиња
  6. 1 краставица
  7. 1/3 шолја бадеми
  8. За ПРЕЛИВОТ ќе ви треба:
  9. 3 лажици темно сусамово масло
  10. 1/4 шолја вински или оризов оцет
  11. 1/4 шолја растително масло
  12. 2 лажици шеќер
  13. 1 лажичка сол
  14. прстофат мелен бибер

 

 Подготовка

Чекор 1: Пилешкото месо ставете го да се вари во солена вода.
Чекор 2: Исецкајте го Ајбергот, изрендајте ја зелката, додадете го исецканото лукче и краставицата и измешајте ги. Додадете ги и сецканите бадеми.
Чекор 3: Во сад ставете ги сите состојки за преливот и убаво измешајте ги.
Чекор 4: Пилешкото искинете го на парчиња, или исечкајте го и соединете го со салатата и преливот.
Чекор 5: Сервирајте!
СОВЕТ: Внимавајте, за да го добиете автентичниот вкус, треба да користите темно сусамово масло.


Извор: Мои Рецепти







0 коментари