Никогаш не знаев дека животот е спремен да ме донесе до тука

Пријателство, кога ќе кажам пријателство, мислам на дел од себе, на среќа, радост, живот, едноставно на нешто што ми разубавува дел од животот.
Да, тоа го мислам, ама денес овие зборови се обратни, наместо среќа сега има тага, наместо смеа сега има само солзи. Се потсетив колку бевме блиски до пред некој месец, но некои работи се сменија во нашите животи кои полека и тивко не разделија.
Во мојот живот никогаш не верував на никој, па дури ни во самата себе, што е многу погрешно. Животот ме однесе по еден пат, пат по кој не очекував дека ќе одам, но знаете што? Не ме пушти сама, ми даде дел, пријател, сестра која ќе биде до мене, "секогаш". Не знаеме на што се е спремен животот, затоа и јас не бев спремна да чекорам со неа, но живот е, тој е посилен од се не спои и ние станавме едно, едно вредно како милион, една до друга, кога едната плачеше, плачеше и другата, кога едната се смееше се смееше и другата.
Почнав да верувам, животот ме научи на многу нешта, ме навикна на многу нешта, колку што ме направи среќна дупло ме уништи. Секогаш заедно се чудевме на другите како може да се караат и да дозволат да се скараат, па и да се лажат помеѓу себе и пак да бидат едно, незнаејќи дека истото и нас ќе ни се деси еден ден.
Помина долго време, ми фалиш но не се осмелувам ниту да ти пишам ниту да ти се јавам, ми фали и поврзаноста која ја имавме, како и да ме погледнеше знаев што ти се случува, одма. Веќе незнам што се случува во твојот живот, но знам дека во тебе има омраза и тоа многу голема. Те знаев како дишеш. Пола мое срце, пола мои воздишки, две тела а една душа, тоа бевме ние.
Се сеќавам, тагата беше таа која не зближи една до друга, утехата ја најдовме една во друга. Толку многу солзи, среќа, спомени и моменти се ништо во споредба со тоа што сум поминала со сите останати пријатели. За неа бев спремна и живот да го дадам, за неа и 03:00 на полноќ за мене не значеше ништо ако она ми се јави и ми каже не ми е добро дојди, автоматски чим она не е добро и јас не сум добро, а па уште ако некој ја повредеше? Ќе го згазев, за неа живеев и со неа живеев. Знаев кои ти се болни точки и знаев да те спречам да направиш некоја глупост. И ти го правеше истото за мене.
Сега станавме едни од оние лицемерни пријателства, никогаш не бевме такви. Ми текнува.. "Ме имаш мене и гушни ме што и да е ќе помине се"... ми кажа.. А сега, каде си сега златна сестро, каде си да ми кажеш, "Јас сум до тебе, те сакам и ми значиш се ќе помине, каде си да ми ги избришеш солзите кој секоја ноќ пред да склопам око се пролеваат за тебе? Каде си да се смееме заедно, да си правиме планови за нашата иднина, да бидеме куми на нашите свадби, заедно да си ги шетаме децата и заедно да остареме. Нели ќе беше до мене се до последниот здив, се додека си жива ќе беше до мене...
Да ама сега те нема, не си до мене, ме остави и замина по друг пат, да прознавам ти згрешив, многу ти згрешив, но јас никогаш не ти мислев лошо, никогаш оваа моја уста не рекла еден лош збор за тебе, никогаш не сум помислила да те понижам, и никогаш не сум помислила да те оставам. Е да златна, животот е суров и двете го знаеме тоа многу добро и двете знаеме низ што сме поминале и колку многу сме си помогнале една на друга. До кај не донесе животов сеуште неможам да се помирам, незнам тебе како ти е ама мене ми е многу лошо, имам нож во срце, дупка, празнина, незнам како живеам, како стојам на нозе, дишам ама не живеам, не живеам верувај ми.. да ми веруваш.. уффф, не мила ти мене никогаш не ми веруваше, знаеш понекогаш мислам дека уствари тоа е причината за ова што сме денеска, странци кој не се познаваат, другарство без доверба не е другарство, но јас во тебе повеќе и од себе верував.
Се трудеше ама не успеа да ми веруваш, сепак тоа е твојот живот кој го знам и вината не ја префлам на тебе. Се ти е измешано во главата и тебе не ти е лесно и ти си повредена, имаш околу тебе луѓе, но пази се, научив, не ти се сите толку блиски колку што мислиш, затоа чувај се да не изгориш како мене. Многу бев среќна додека беше до мене, а сега можам само да сонувам за среќа, можам само да сонувам дека повеќе ќе верувам на некој и ќе дозволам да ми биде се, ти ми беше една, единствена, најсакана сестра на која и верував, секогаш, само на тебе и на никој друг.
Знам сум те излажала, ама после тоа никогаш повеќе, никогаш, тоа само јас го знам иако ти ме мразиш сега знам многу работи те мачат, и мене ме мачат, но ти ме избрка од себе буквално ме избрка, ми рече "Губи ми се од животов".. тоа нема никогаш да го заборавам затоа што тука е ножот тука ме повреди, ме уништи, боли ли боли, не прекинува.
Но знаеш, јас сум кажала и пак ќе ти кажам "Ти имаш само едно место во моето срце, ти си сестра како никој друга и засекогаш ќе бидеш, длабоко во мене како што кажав, денес, утре и засекогаш". Сакам да знаеш дека си ми единствена,без разлика на се ти благодарам за најубавите моменти во мојот живот, бев среќна што во секој момент те имав до себе, ми беше мило што имав сестра како тебе, ме изведе на прав пат и тоа нема да го заборавам ти посакувам се најубаво и да бидеш многу среќна, затоа што ти тоа го заслужуваш, кога ќе помине се, кога ќе те видам среќна душава ќе ми се исполни.
Тоа ми е еднинствената желба која и од секогаш ми била. Сега гледам насекаде пријателства но ни едно не е како нашето. Знам дека си најсилната личност што сум ја сретнала, и знам дека ќе поминеш низ се, па дури и кога ти е тешко и ти доаѓа да врискаш по улиците, сети се дека си успеала низ се да поминеш. Колку и да сме далеку, колку и да не се дружиме, колку и да не прозбориме, тука сме една за друга. Како некогаш, Засекогаш.
Tе сака твојата другарка која можеби ти ја заборави, но таа не те заборави тебе!
М. Вељаноска
0 коментари