Живот кој некогаш е црн, некогаш бел

Во нашиот живот доброто што го правиме денес, луѓето често го забораваат утре, но сепак ако правиме добро животот ќе ни возврати со добро. Животот не учи на грешките, да не тагуваме по изгубеното и да не жалиме за спомените.
Вредноста на чекање е вредност на целиот живот, а ако знаеме како да се чекаме, животот ќе ни биде полесен. Сите ние се соочуваме со многу падови и порази во животот, но тие само не издигаат се повисоко и повисоко. Ние сакаме, прифаќаме ризици, се жртвуваме, се надеваме, но на крај добиваме само едно, а тоа е болка. Таа болка е онаа болка која не симнува длабоко доле на дното, но тогаш ние сме тие што треба да бидеме храбри и да се издигнеме над неа и да ја победиме.
Треба да бидеме силни и да веруваме во самите себе затоа што дури и небото има некоја си светла страна. Доколку во животот би немало тага, како ние тогаш би знаеле за среќата и која би била нејзината смисла. И тогаш сфаќаме дека во животот најбитно е да научиме да стоиме на сопствени нозе, да научиме да се бориме и храбро да ги остваруваме своите цели, без разлика на тоа какви пречки ни поставува животот. Можеби е суров, но тоа е животот, даден ни е еднаш и треба да го искористиме правилно и разумно. Смислата на животот е да се бориме за животот да ни биде убав, да не се препуштаме на судбината и да бидеме трпеливи и упорни, затоа што тоа што е наше ќе си дојде.
Животот е премногу краток, а годините се само боројки. Незнаме што ни носи утрешниот ден, искоритете го секој миг и не се ситите на туѓата несреќа.
М. Вељаноска
0 коментари