Ново

loading...

Виена најдобро место за живеење, Скопје на 159 место

Престолнината на Австрија, е најдобриот град во светот во однос на квалитетот на животот, според новата листа на „Mercer“, на која што листа се рангирани 230 градови.

Престолнината на Австрија најдобар град во светот по квалитетот на животот 

Меѓу првите пет градови во однос на квалитетот на живот се Цирих, Окленд, Минхен и Ванкувер. Во Централна и Источна Европа, Прага е во најдобра позиција, на 69-то место, додека од градовите во Регионот, Љубљана е на 76, а Будимпешта на 77-то место.

Од Балканот меѓу првите 100 се Атина на 87 и Загреб на 98-то место. Букурешт е на 109, Софија на 115, Инстанбул на 122, Белград на 141, на 158-то место е Сараево, а нашиот главен град Скопје е на 159-то место.

Од рангираните градови од регионот најнизок квалитет на живот има Тирана, која што е пласирана на 179-то место. На листата ја нема Подгорица.

Оваа ранг листа е направена врз основа на безбедноста во градот врз основа на внатрешната стабилност, податоци за криминал, работата на безбедносните служби и односот на државата со другите држави.

На Блискиот Исток и Африка, најдобро пласиран е Дубаи на 75-то место, по него следуваат Абу Даби (81) и Порт Луис (83). Главниот град на Централноафриканската Република Банги и Багдад се најлошите градови во регионот е светот по квалитет на живот.

0 коментари