Ви ја препорачуваме „Посилна од судбината“ Интервју со Наташа Алексовска - Малечка

Животен Стил има ексклузивна можност да направиме интервју со Наташа Алексовска - Малечка писателка од Куманово.
За почеток Наташа, Ве молам преставете ни се ?
Се викам Наташа Алексовска, доаѓам од Куманово.
Родена сум на 14.10.1978 година.
Основното образование го завршувам во О.У. Браќа Миладиновци, а средното образование го продолжувам во С.О.У Перо Наков - економска насока.
Како и кога започнавте со пишување ?
Со пишување започнав уште во детството, за време на летниот распуст, тоа беа раскази за годишни времиња, за некој празник, а со пишување поезија започнав од Јуни 2014 година, каде за неполни два месеци напишав 100 мои песни, и како плод на моето пишување во Јануари 2015 година излезе мојата прва книга стихозбирка поезија - „Посилна од судбината“, со сите мои 100 песни, и две песни од писатели посветени за мене. Во Септември минатата година, истата моја прва книга излезе од печат под логото на Здружение за писатели - Манускрипт.
Што досега Наташа има напишано ?
Освен моите 100 песни, тука се и моите бројни учества од минатата година до денес, каде на 3 конкурси освоив награди, а еве на кои конкурси сум учествувала:
Од почетокот на 2015 година имам учествувано на следниве конкурси:
- По повод 8 – ми Март Денот на жената од „Група за солидарну помоч при објављање книге“ организиран конкурс за Меѓународен Зборник поезија и проза – „ЊЕНО ИМЕ ЈЕ ЖЕНА“, учествував со моите две песни: првата со наслов „Жена“ и втората „Песна за Жена“.
- По повод Светски ден на литература за деца 2 Април на конкурс организиран од Здружение за наука, култура и литература „Златно Перо“ – Битола, во стихозбирка за деца „Распеано Славејче“ од група автори учествував со моите две песни: првата песна беше „Детството“ втората беше „Ех,колку е убаво да си дете“.
- На конкурс организиран од Фондација Петров насловен – „Жена, љубов, човек, вино, надеж освоив 1 место за мојата песна - „Која сум јас без тебе?“
- По повод 20 дена од смртта на доајенот на битолско и македонско новинарство – Димитар Димитровски – Такец организиран од Фондација Такец освоив 1 награда за мојата песна – Прегратка.
- По повод 1 Септември – Денот на раѓање на доајенот на битолско и македонско новинарство – Димитар Димитровски – Такец организиран од Фондација Такец, на тема – „Го љубам животот “ освоив 2 место за есеј – „Го љубам мојот живот“.
- По повод 8 – ми Септември – Денот на независноста организиран конкурс од Здружение за наука, култура и литература „Златно Перо“ – Битола за краток расказ на тема – „Зошто ја сакам Македонија“, учествував со мојот расказ – „Ја сакам Македонија – Мојот дом“.
- Оваа година по повод Божиќ, на конкурс организиран од Милица Паулус, учествував со мојот краток расказ - „Божиќна бајка“.
Што може читателите да прочитаат во Вашата книга ?
Песните во мојата книга се поделени на делови, пред секој дел има мал вовед од мене, што може да го очекува читателот во тој дел на песни, каков вид на песни ќе чита, всушност како еден мој мал потсетник, а песни има секакви, почнувајчќи од тажни, среќни, несекојдневни, необични, песни за животот, за годишни времиња и на крај како шлаг на тортата се љубовните песни.
Но сепак едно ќе кажам - се што е напишано од срце и со многу љубов, тоа има непроценлива цена и вредност книгата засекогаш да трае и остави силен белег и впечаток кај читателите, не мора веднаш можеби ќе треба време и време да помине, за да се види и осети кога нешто е напишано од срце и душа, пренесено на парче хартија и преточено во книга.
Од каде може да се купат Вашите дела ?
Мојата книга која најпрво излезе во Јануари 2015 година преку Печатница Дата Песнопој - Битола, може да се купи во следниве Книжарници:
Kнижарница Табернакул - Скопје,
Кафе - Книжарница Вештица - Скопје и
Книжарница Херби - Куманово.
Исто така, може да се порача и online преку сајтот на купикнига.мк на следниот линк
Во Септември минатата година, истата моја книга излезе преку Здружението за писатели - Манускрипт, може да се купи во Книжарница Викели - Прилеп и да се купи online на сајтот Македоника.мк на следниот линк
Кои се Вашите планови за во иднина ?
Моите планови за во иднина, секако како прво не планирам тука да запрам со пишување, ете иако мојот талент за пишување досега беше неоткриен, и со мало задоцнување го открив, што значи ќе продолжам да пишувам, што ќе биде следно не знам, имам полно планови во врска со пишување, но како велат луѓето - полека, но сигурно чекор по чекор, планирам да продолжам да учествувам на конкурси, со тоа што овој пат планирам да учествувам на конкурси и надвор од нашите граници.
Искрено би сакала еден ден за мене како пишувач на убавиот збор, (бидејќи не се сметам себеси за писател, ако досега сум издала една книга), тоа не значи дека ќе запрам и останам само на една книга, но самиот збор писател ми е незгодно така да ми се обраќаат луѓето, моите читатели, да се слушне за мене и надвор од мојата земја - Македонија, да бидам признаена насекаде, а позната секако ќе бидам еден ден, бидејќи верувам во себе, и тоа по мојот начин на пишување и мојот псевдоним, јас живеам за тој сон, впрочем како што секој човек си има свој сон и желби.
Секако, покрај пишувањето, се надевам дека и еден ден ќе ми се оствари мојата најголема желба - да најдам работа, што дури имам напишано една моја песна во мојата книга стихозбирка поезија - „Посилна од судбината“, се вика - сакам да одам на работа, бидејќи надежтта последна за секој човек умира, па и за мене, имам право да се надевам се додека сум жива, дека еден ден ќе ми се исполни и оствари мојата желба.
На читателите би им порачала само едно, засекогаш бидете и останете, тоа што сте со еден збор - луѓе, не дозволете, и покрај тоа што живееме во бурно, динамично време да се изгуби човечкото во нас, бидете хумани и помагајте секому колку можете, но никогаш никого не повредувајте, бидејќи секој е човек без разлика дали е здрав или болен.
Секако читајте книги од македонски автори, на Вас Ви посакувам да имате голема посетеност, да славиме заедно уште многу јубилеи, а Ви благодарам од срце за честта јас да бидам прва и да дадам мое прво интервју за Вашиот сајт.
Линк од нејзината официјална фан страница на facebook
0 коментари