Дали утринска мачнина во бременоста е опасна?

Кај најголемиот број трудници, чувството на мачнина и гадење престанува по третиот месец од бременоста, но кај помал број, може да трае и во подоцнежната, па дури и до крајот на бременоста.
Околу 33% од трудниците повраќаат како последица на утринската мачнина. Покрај гадењето, се јавуваат и изострено чувство на мирис, зашеметеност и вртоглавица. Утринската мачнина е многу непријатна состојба, но воопшто не е штетна по здравјето. Единствено, прекумерното и пречестото повраќање, кое може да доведе до дехидрација, бара посебна медицинска нега.

Во народната медицина, најчесто се користат чајот од ѓумбир и пеперминт за олеснување на симптомите од утринската мачнина.
Стручните лица препорачуваат да се внимава на исхраната, да не се прескокнува појадокот, храната да се џвака побавно и да се внесува доволно вода во организмот.
0 коментари