Лекување на проширени вени со помош на зелен и црвен домат

Неопходно е да се измијат неколку зелени домати и да се исечкаат на парчиња или на тркалца.
Тркалцата се ставаат на чворовите од проширените вени, на самите вени, и на капиларната венска мрежа. Се фиксира со завој.
Чувајте го доматот се додека го чувствувате неговото делување во вид на пецкање.
Кога ќе помине пецкањето на кожата или ако не можете долго да издржите, отстранете ги парчињата домат и исплакнете со студена вода.
Ако оваа постапка ја поднесувате добро, резултатот ќе биде видлив многу набрзо.
Оваа постапка треба да се повторува петпати на ден, едноподруго. Ако не можете веднаш, тогаш овие 5 пати распределете ги во соодветни временски интервали.
По две недели, венските чворови ќе започнат да се намалуваат и да исчезнуваат, ќе исчезне капиларната мрежа, отекувањето и болките во вените.
Лекување со помош на црвениот домат
Постапката е многу слична со претходната. Зрелиот домат треба да се измие, и да се исече на тенки кругови, а тие да се стават на болните вени и да се фиксираат со завој.
При тоа, треба да се внимава со завојот да не се стегне премногу, туку да биде овозможена нормална циркулација.
Доматот треба да делува 3-4 часа, а потоа да се замени со нов, свеж домат.
Оваа постапка најдобро е да се прави навечер.
Времетраењето на терапијата е индивидуална, а може да се прави наизменично со зелениот домат.
Доматот поседува лековити својства, затоа што во него покрај семето содржи и супстанција која според својствата е слична на ацетилсалицилната киселина (аспирин).
Оваа киселина се смета за антикоагуланс, кој ја разредува крвта и не и дава да стагнира. Покрај тоа, доматот поседува и флавоноиди кои ги јакнат зидовите на крвните садови.
0 коментари