Ново

loading...

Која храна е задолжителна во зимските месеци

Сезонски овошја, зелка, ротквица, тиквички, јајца, грашок и костени.

Зимата е сезоната кога е многу веројатно да дојде до достиг на витамини во организмот. Поточно во зимските месеци ни недостигаат витамини Е, Ц и Д.


Нутриционистите советуваат што да јадеме за да го надоместиме нивниот недостаток во организмот во момент во кој внесувањети на свежо овошје и зеленчук во организмот е ограничена, односно не е толку голема како во летните месеци.

Кои производи се главните извори на корисни материи во студените месеци? Според нутриционистите на крајот на есента и почетокот на зимата е пожелно да се вклучат во вашата исхрана следниве производи: зелка, ротквица, тиквички, јајца, грашок, костени, боровинки и секако сезонските овошја: јаболка и портокали.

Некои од овие производи се достапни само во октомври и ноември, на пример брусница и ендемското јаболко. Други како портокалите и грашокот се достапни во секое време од годината. А останатите - зелка, ротквица, тиквички - може да се чуваат долго време, па токму затоа остануваат главен извор на витамини во зима.

Исто така во студените месеци пожелно е да конзумираме повеќе риба и компири. Доста корисно е и ако во текот на летото сте замрзнале овошје или зеленчук, кои ќе можете да ги консумирате во текот на студените месеци. Витамините во нив, се разбира, се помалку отколку кога се свежи, но тие сепак се уште остануваат многу корисни .

0 коментари