Ново

loading...

Посна чоколадна баклава


Потребни состојки за да ја направите оваа прекрасна и вкусна посна чоколадна баклава се следниве:





 
  •     300 гр. ореви мелени
  •     200 гр. чоколадо за готвење мелено
  •     2 ќесички ванилин шеќер
  •     0.5 кг. кори за баклава
  •     филџан масло за попрскување на корите
  •     1 маргарин
  •     800 гр. шеќер
  •     500 мл. вода
  •     1 лимон
Начин на подготовка:

Во еден сад измешајте ги мелените ореви, рендано чоколадо и една ќесичка ванила. 

Напрскајте една кора со масло и преклопете ја со уште една кора. Врз кората распоредете 3 лажици од чоколадната смеса. Замотајте ги корите во ролат. Повторете ја постапката и со останатите кори. Би требало да добиете околу 10 ролати.

Наредете ги ролатите во правоаголно тавче и исечете ги на парчиња пред печењето. Растопете во тенџере на рингла маргарин и ќесичка ванила и истурете го врз баклавата. Печете ја 45 минути во загреана рерна на 170 степени.


Додека се пече подгответе го шербетот. Во тенџере зовријте ја водата со шеќер и сок од еден лимон. Истурете го шербетот врз испечената баклава и оставете ја да одстои неколку часови пред да ја послужите.
За декорација можете врз самата баклава да ставите растопена чоколада.

Добар апетит!


0 коментари