Ново

loading...

Медот го смирува ноќното кашлање

Една лажичка мед може да смири кашлица и ноќе да им помогне на децата и нивните родители да спијат подобро.

Медот се користи низ целиот свет, дури и како народен лек против кашлање и е сигурен и ефикасен алтернативен лек во медицината.



Постојат неколку објаснувања зошто медот помага да се смири кашлицата. Медот е сладок и течен и го смирува воспаленото грло, и исто така, содржи и висок процент на антиоксиданси. Освен тоа, медот дејствува и против микроби.

Мед не се препорачува на деца помали од една година поради можни алергии.

0 коментари