Макарони салата
Потребни состојки за овој рецепт се следниве:
- 500г. макарони
- 3 црвени печени пиперки
- 100г. црни маслинки
- 5-6 кисели краставички
- 3 млади кромидчиња
- 100г. мајонез
- 1 супена лажица вински оцет
- 2-3 кафени лажички шеќер
- сол
- црн пипер
Започнуваме. Најпрво што треба да направите е да ги сварите макароните, најчесто едно паќетче од 500г. но можете и повеќе доколку планирате поголема доза, но затоа е потребно и останатите состојќи да ги зголемите.Откако ќе ги сварите макароните, преминувате кон сечкање на состојќите, маслинките, краставичките печените пиперки, и кромитчињата доколку сте љубители на кромид.
Потоа следно што треба да направите е во подлабок сад состојќите ги мешате со мајонезот, оцетот и шеќерот.
Доколу сакате можете исто така да додадете малце од течноста од краставичките, за вкус. Исто така можете да додадете и млеко, за преливот стане доволно течен.
Откако ќе го направите оваа промешајте уште еднаш и зачинете со сол и црн пипер. Потоа во садот додадете ги макароните промешајте и декорирајте по ваш вкус.
Добар апетит!









0 коментари