Ново

loading...

За само 20 минути може да имате здрава и сјајна коса, еве како

Сјајна и здрава коса е многу важна за убав изглед, бидејќи залудно е една жена да има убава фризура, ако нејзината коса е безживотна и сува. Еве три начини на кои вашата коса ќе изгледа како од рекламите


Во текстот подолу се наоѓаат три рецепти од кои косата ќе ви сјае. Едниот е за маска која ќе ја хране косата, вториот ќе ја направи мека, а третиот рецепт е одличен за отстранување на првутот од скалпот. Освен што сите состојки се природни, на овој начин и ќе заштедите пари кои инаку би се потрошиле за различни препарати, а резултатот не би бил ни оддалеку добар. Овие маски за косата користете ги еднаш неделно - косата ќе блесне. Обидете се!

Хранлива маска за коса од авокадо

Состојки:

1 зрело авокадо
1 лажица маслiново масло
1 лажичка мед
1 јајце

Постапка: Измешајте ги сите состојки додека смесата се изедначи. Нанесета ја маската рамномерно на вашата коса од коренот до врвот. Се остава да отстои околу 20 минути, додека маската се упие. Исплакнете со топла вода.



 


Маската од алое вера ја прави косата мазна и ја потикнува во растот

Состојки:

1 лист од алое вера
1 лажичка бадемово масло

Постапка: Исецкајте го листот од алое вера па потоа измешајте го со бадемовото масло. Нанесете ја смесата на косата, а главата замотајте ја со фолија или нешто слично, на тој начин што ќе ја оставете така 20 минути, а потоа исплакнете ја со топла вода.

Маска од банани го отстранува првутот
Состојки:

1 поголема, свежа банана
1 лажичка мед

Постапка: Измешајте ги сите состојки додека не добиете смесна слична на пире од компири. Нанесете ја на косата и држете ја околу 20 минути. Исплакнете ја со топла вода, пишува Bright Side.

0 коментари