ВИДЕО: Ова е истата девојка! Погледнете како ги прекрива акните, црвенилото и лузните

Чиста кожа и нежен тен за многумина со проблематична кожа е неисполнет сон, но со помош на шминка и знаење за тоа како да се користи нема потреба за криење и комплекси. Melanie Murphy од своите тинејџерски години страда со цистични акни, и поради несигурноста ја носеше косата преку лицето со цел да ги избегне зачудените погледни и коментарите.
Но, откако ја пронајде помошна во козметиката ретко кој верува дека има проблематична кожа, и нејзината секојдневна рутина се состои од прекривање на лузните и црвенилото.
Погледнате ја неверојатната трансформација во видеото:
Секој ден на себе оваа девојка нанесува шминка, со цел да го прекрие својот несакан тен и својата најголема несигурност. Триковите и начините како најдобро да ги прекрие лузните и црвенилото ги научила сама, со постојано вежбање, пребарување и експериментирање. Видеото на youtube досега е видено од страна на повеќе од 15 милиони луѓе.
„Точно знам како се чувствувате, бев во вашата кожа. Но, има надеж. Можете да се чувствувате многу подобро, само треба доволно да истражите што е најдобро за вас“ - им порача на сите луѓе кои имаат проблеми со акните.
0 коментари