Ново

loading...

Москва добива руска верзија на Дизниленд

Најавуван како еден од најголемите затворени паркови во светот, „Dream Island“ ќе се изгради на парцела од околу 100 хектари во јужниот дел на Москва.

Foto: Travis Wise / Flickr.om
 Поради тешките временски услови во текот на поголемиот дел од годината, локалните власти одлучиле да се изгради еден парк во затворен простор, за да може да остане отворен во текот на целата година.

Изградбата ќе започне до крајот на месецот, а една од најпознатите градби, висока 35 метри, многу потсетува на замокот на Пепелашка во Дизниленд.

На „Островот на соништата“ околу 60% од содржината ќе им припадне на ликовите од руските анимирани филмови, а останатиот простор ќе биде наменет за голем број на меѓународни херои од цртаните филмови.

Комплексот исто така ќе има и многу други интересни и привлечни содржини. Отварањето на паркот се планира за 2018 година.

0 коментари