Ново

loading...

„Посилна од судбината“ на Саемот на книгата

Како и секоја година, така и оваа година се одржува Саемот на книгата на Скопскиот саем.

Саемот за книга започнува на 12 Април, а завршува на 18 Април. Саемот ќе работи секој ден од 10 до 19 часот.

На саемот ќе се претстават многу македонски автори, како и светски автори. На еден од штандовите на Саемот ќе има учество и Здружението за Писатели - Манускрипт, каде ќе се промовира и продава книги од македонски автори, каде што посетителите ќе може да одберат што да прочитат, романи, збирка кратки раскази, стихозбирка поезија, што значи за секого и за сечиј вкус по нешто.

На штандот на Здружението за Писатели - Манускрипт, ќе се претстави и писателката од Куманово, Наташа Алексовска - Малечка со нејзината прва книга стихозбирка поезија - „Посилна од судбината“, каде што поситители ќе имаат можност истата да ја купат.


Наташа за Животен Стил изјави:

„Топло и од срце Ви ја препорачувам да ја земете мојата книга, бидејќи секоја книга што е напишана со многу љубов и од срце, таа вреди, треба да се купи да ја имаме засекогаш во нашите библиотеки и да ја прочитаме.

Повелете на Саемот, посетете го, купете книги од македонски автори и уживајте во читањето.“

За повеќе информации за и околу нејзината книга на следниот линк



0 коментари