ФОТО: Острови каде што нема автомобили

![]() |
Хидра (ФОТО: Wikipedia) |
Хидра, Грција
Островот се „прослави“ во 1957 година, кога Софија Лорен го снимила филмот „Момчето на делфин.“ Под посебен архитектонски статус, така што секоја нова градба (теоретски) е забранета. На него нема никаков сообраќај, а за транспорт се користат магариња.
![]() |
Холбокс (ФОТО: mayan-yucatan-traveler.com) |
Холбокс, Мексико
Заборавете на Акапулко и летувањето поминете го на Холбокс, мал остров северно од Јукатан. Изгледот на Холбокс е навистина чудесен, и се карактеризира со песочни патишта, трошни куќи, и прекрасни одмаралишта, а исто така и ќе ги видете туристите наоколу како се возат со малите голф автомобили. Тука времето, дефинитивно, застанало....
![]() |
Маретимо (ФОТО: Wikipedia) |
Маретимо, Италија
Италијанскот остров симболизира релаксиран начин на живот. Одлично место за да седите во сенка, да ја отворите книгата и да уживате во добро капучино. Во суштина, ова е мало село без автомобили, каде секој со секого се поздравува, бидејќи сите многу добро се познаваат. Островот е богат со флора и фауна и неверојатни плажи.
![]() |
Принцевски Острови (ФОТО: YouTube) |
Принцевски Острови, Турција
Овој недопрен архипелаг се наоѓа на само неколку километри од Истанбул. Архипелагот се состои од девет острови, и бидејќи нема сообраќај, на посетителите им се нуди транспорт со коњ и запрега. Тука владее мир и тишина, и од време на време се слуша звукот од електричните велосипеди и звуците од галебите. За време на викендите, добар дел од населението на Истанбул доаѓа да се одмори токму на овие острови.
![]() |
Лопуд (ФОТО: lopud.com.hr) |
Лопуд, Хрватска
Остров во близина на Дубровник, до него од градот со ферибот се пристигнува за околу 50 минути, мирно и релаксирачко место, па единствено нешто што треба да се донесе, се неколку добрите книги. Низ ова прекрасно место води патот до прекрасната плажа Шуњ, до која имате околу двасет минути пешачење.
0 коментари