Ново

loading...

ВИДЕО: Украина победи на „Евровизија“


Претставничката на Украина, Џамала со песната „1944“ победи на 61. издание на Евровизија, во Стокхолм, Шведска.

Џамала освои вкупно 534 поени, второто место и припадна на Австралија со 511 поени, додека пак на третата позиција заврши Русија со вкупно освоени 491 поен.

Најголем број на поени од стручното жири освои претставничката на Австралија Дами Им со песната „Sound Of Silence“, вкупно 320 поени, а на второто место заврши Украина. Меѓутоа со гласовите од публиката, Украина ја помина Австралија и со вкупно 534 поени заврши на првото место.

Ова е втор триумф за Украина, по оној на Руслана во 2004 година во Истанбул, Турција.

Од нашиот регион Бугарија беше најдобра, која се пласираше на четвртото место со 307 поени, претставник оваа година за Бугарија беше Поли Генова со песната „If Love Was a Crime“ Српската претставничка Сања Вучиќ со песната „Goodbye“ се пласираше на 18. место со 115 поени, Хрватска и нејзината претставничка Нина Краљуќ со песната „Lighthouse“ се најде на 23. место со вкупно 73 поени.

Најслаб пласман односно последното место и припадна на Германија која освои само 11 поени.

61. издание на Евровизија го следеа околу 200 милиони луѓе, додека во „Глоуб арената“ присуствувале 13.000 гледачи. Изборот за песна на Евровизија во живо можеше да се следи во 50 земји ширум светот, како и во Кина и САД.


0 коментари