Ново

loading...

Русите лути, поради Џамала ќе ја бојкотираат Евровизијата

Дали политиката ја победи уметноста: Џамала на аеродромот во Киев (Фото: Anadolija)
Победник на овогодинешната Евровизија е претставничката на Украина, Џамала, која пееше за депортацијата на кримските Татари, свечено беше пречекана на киевскот аеродром „Boryspol“.

Со аплаузи, овации и свеќиња Сузана Џамаладинова - Џамала, 32 годишна Татарка од Крим, беше пречекана од бројни пријатели, членови на нејзиното семејство, фанови и претставници на медиумите.

„Победата на Украина на Евровизијата 2016. е потполно заслужена“, изјави Џамала во изјава за медиумите на аеродромот.


Џамала изјави дека многу пати слушнала коментари, дека нејзината песна не е за такво натпреварување, какво што е Евросонг, но Европа го покажа спротивното, и во тоа ја доби поддршката.

на оваа талентирана џез пејачка ќе и биде доделена наградата „People's Artis of Ukraine“, најави украинскиот министер за култура.

Украина победи на 61. издание на Евровизија со песната чија порака предизвика тензии со соседна Русија, која протестираше против учеството на Украина поради, како што најавија „политизација“ на текстот, тврдејќи дека тоа е во спротивност со регулирањето на натпреварувањето.

Од Москва оценуваат дека победата на Украина на популарното музичко натпреваруње претставува победа на политиката.

„Ниту пејачката Џамала победи, ниту нејзината песна, туку политиката ја победни уметноста“, изјави рускиот сенaтор Франц Клинцевич, кој ја повика Русија на бојкот на Евровизијата што следната година ќе се одржи во Киев.

Останува да видиме дали Русија следната година ќе настапи на Евровизиската сцена во Киев.

0 коментари