Исполнета првата желба на Гвардиола во Манчестер Сити

Уште само финалето од германскиот куп со Баерн, а после тоа Пеп Гвардиола може и официјално да започне со составувањето на Манчестер Сити по неговата желба. Каталонецот доаѓа на клупата на „Граѓаните“ чии директори и сопственици со години го договараа неговиот ангажман и ќе му дадат одврзани раце и ќе му обезбедат финансиски средства да состави тим по сопствен вкус.
Гвардиола веќе има неколку желби за во летниот преоден рок за трансфер, но пред да ги реализира засилувањата, прво ќе мора да формира стручен штаб. Моментално со Гвардиола во Баерн работат четири негови сонародници кои ги донесе со себе и најверојатни они ќе бидат повторно дел од неговиот тим и на Островот, пренесува „Mozzart“. А таму го чека неговиот сонародник кој ќе ја започне тренерската кариера во стручниот штаб на Манчестер Сити. Според тврдењата на шпанска Марка, еден од помошниците на Гвардиола во Сити ќе биде Микел Артета, поранешниот игра на Арсенал кој пред неколку дека објави крај на неговата професионална кариера.
Гвардиола и Артета се сонародници кои се познаваат уште од крајот на 90-тите години на минатито век, кога Пеп играше за Барса, а потоа младиот играч од средниот ред беше член на резервниот тим. Артета подоцна направи кариера за почитување на Островот каде 11 години играше за Евертон и за Арсенал.
Во текот на оваа сезона имаше многу проблеми со повредите и одлучи да стави крај на неговата кариера. Со оглед на тоа што има завршено две-годишен курс за тренери и дека има добиено леценца, има право да биде помошник на Гвардиола, со големо искуство и знаење на фудбалските предиспозиции на локалните играчи од Островот, обичаи и традициите ќе бидат од корист за новиот тренер на „Граѓаните“.
Артета има понуди од Арсен Венгер и Тотенхем со нив да ја започне кариерата, но се одлучил за Манчестер Сити и Пеп Гвардиола.
0 коментари