Ново

loading...

Видео: Реал Мадрид е новиот европски шампион

ФОТО: theguardian.com
„Кралевите“ ја освоија 11-тата титула во најелитното клупско фудбалско натпреварување, Лигата на шампионите откако во пенал рулетот со 5:3 го совладаа големиот градски ривал Атлетико Мадрид.

Избраниците на Зинеди Зидан поведоа во 15-тата минута со голот на Рамос и предноста ја одржуваа се до 79-та минута, кога Атлетико Мадрид со голот на Караско израмни на 1:1.

Пенал рулет

Лукас (Реал) - 1:0 Гризман - 1:1, Марсело - 2:1, Габи - 2:2, Бејл - 3:2, Саул - 3:3, С. Рамос - 4:3, Хуанфран - Бие во дирекот, Роналдо - 5:3

Финалето на Лигата на шампиони се играше на стадионот „Сан Сиро“ во Милано.



 
Промашениот пенал на Хуанфран
 
Победничкиот пенал на Кристијано Роналдо



0 коментари