Ново

loading...

Дали Роналдо ќе игра во финалето ? Еве што соопштија од лекарскиот тим на Реал

ФОТО: Getty Images
Лекарскиот тим на Реал Mадрид соопшти дека Кристиано Роналдо не се повредил на денешниот тренинг и дека ќе биде спремен за престојното финале во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

Шпанска „Марка“ сабајле објави дека Португалецот, по дуелот со Даниел Карвахал, паднал преку голманот Кико Касиља, а потоа кривејќи го напуштил теренот. Тој добил удар во левата нога.

По лекарските прегледи е констатирано дека Португалецот нема сериозна повреда.

„Ништо страшно, мала болка беше, удар, сè ќе биде во ред. Јас ќе го дадам својот максимум во саботата“, изјави Роналдо.

Финалната пресметка во Лигата на шампионите помеѓу Реал и Атлетико ќе се одигра во сабота во 20:45 часот на стадионот Сан Сиро во Милано.



       
   

0 коментари