Мурињо го презема Јунајтед, првото интервју: „Навивачи, простете ми!“

Португалскот стручнак ја искористи можноста да побара од навивачите на Манчестер Јунајтед да ги заборават последните три години, како и периодот додека тој беше менаџер на Челзи, пренесува „Скај Спорт“. Исто така, Мурињо вели дека е среќен и дека никогаш вака не се чувствувал пред тоа, што доволно говори за неговата голема желба да го преземе клубот од Олд Трафорд уште во најраните почетоци.
„Се чувствувам неверојатно, ова е голема чест. Горд сум, и јас не можам да го опишам оваа чувство. Дојдов тука за да направам одлична работа и треба да започнеме веднаш да работиме. Не можам да чекам до 7 јули за да започнеме со припремите“.
„Мислам дека оваа работа дојде во вистинско време во мојата кариера бидејќи Манчестер Јунајтед е еден од оние клубови кои ги нарекуваме гиганти. Кога превземате ваков клуб, морате добро да се подготвите за тоа, а јас веќе долго време го правам тоа“, рече Мурињо, во завршната порака за навивачите.
„Би сакал навивачите на Јунајтед да ги заборават последните три години, и на периодот што го поминав во Челзи. Тој период е зад нас, сега одиме да направиме голем резултат“.
Жозе Мурињо го наследи Луис Ван Гал, откако тој доби отказ од Јунајтед. Холанѓанецот веќе подолго време беше на излезната врата на Манчестер.
0 коментари