Путер или маргарин - вечната дилема

Иако навидум слични, путерот и маргаринот се различни, пред се', според своето потекло. Путерот се добива од животински маснотии, претежно кравјо млеко, а маргаринот со хемиски процес на хидрогенизација, од кокосово или палмино масло. Со години, експертите не' убедувале дека маргаринот е подобра опција, но, во последно време, атмосферата се менува.
Благодарејќи им на новите истражувања, се' повеќе консументи препознаваат дека маргаринот е само вештачка, синтетичка замена за маснотии со многу ниска нутритивна вредност.
Дури и индустриските гиганти, како што е Унилевер, кои вложиле многу пари и години во промовирање на маргаринот, ја признаваат својата грешка. Еве за што точно се работи:
Путерот е потполно природна храна, со најмалку 80% на млечни маснотии, која содржи есенцијални масни киселини, витамини и минерали, а не ги менува своите карактеристики на високи температури. Извор е на брза енергија, не се таложи во масните ткива и богат е со витамини кои се неопходни за разлини функции во телото - од одржувањето на добар вид, до функционирањето на ендокриниот систем. Витаминот А е битен за надбубрежната жлезда, витаминот Д е неопходен за апсорпција на калиум, а антиоксидансите Е и К се од големо значење во борбата против слободните радикали. Путерот содржи и јод, лауринска киселина, битна за превенција на фунгични инфекции и лецитин, кој го подобрува метаболизмот на холестеролот. Без оглед на сите предности, путерот не смеат да го консумираат децата алергични на протеини од кравјо млеко.
Маргаринот, во текот на процесот на хидрогенизација, незаситените масни киселини се претвораат во заситени маснотии, кои се многу поопасни за здравјето, отколку холестеролот што го содржи путерот. Имаат бројни несакани ефекти-ја блокираат оптималната промена на холестеролот во црниот дроб, го оштетуваат имунолошкиот систем и создаваат слободни радикали кои можат да ги оштетат ќелиите и да нанесат огромна штета, вклучувајќи и промени во генетскиот код и формирање на канцерогени ќелии. Мали количини на изменети маснотии предизвикуваат алергиски реакции, промени во крвниот притисок и хормонски активности. Сепак, за оние кои страдаат од алергии на протеини од млеко, маргаринот е единствената замена.
Извор: Здравје и Убавина
0 коментари