Ново

loading...

Нашиот секојдневен непријател наречен - целулит

Целулитот е деформитет, со кој се соочуваат се’ повеќе жени во светот, додека бројот на мажите е многу мал. Заради натрупување на масни наслаги и токсини под кожата, сврзното ткиво ослабнува и се создаваат деформитети кои потсетуваат на кожа од портокал.


Целулитот се јавува на одредени делови на телото кои се најчесто подложни на тоа: стомакот, бедрата, задникот, нозете, но може и на други делови. Причини за негово настанување се промените во метаболизмот, физиологијата, држење на диета или обилна исхрана, или неправилна и несоодветна исхрана, промена во структурата на сврзното ткиво на кожата, хормонални фактори, инфламаторни промени итн.

Елиминирање на целулитот

Вода - Треба да пиете многу вода! Експертите препорачуваат осум до десет чаши на ден, а водата може да се замени со чај, најдобро зелен.

Здрава храна - Здравата храна богата со вода е од суштинско значење во борбата против целулитот. Храната како јаболка, краставици и грејпфрут се смета дека го намалува целулитот, помага при слабеењето и ја прави кожата здрава. Исто така, светло обоениот зеленчук е богат со витамин Ц. Сол и шеќер и закуските заменете ги со зеленчук

Креми - Креми врз база на кофеин, бршлен или ретинол се ефективни. 

Кофеинот е важен во ослободување на масти од депозитите и затегнувањето на кожата. Ретинол е форма на витамин А кој го намалува присуството на слободните радикали одговорни за распаѓањето на колагенот. Ретинолот помага да се задржи кожата мазна, и прави испакнатините на целулитот да се помалку видливи.

Масажа - Масирајќи ги местата зафатени со целулитот, се поттикнува циркулацијата на крвта и се разбива задржаната течност под кожата.

Вежби - Не заборавајте го редовното вежбање! Целулитот  претставува наталожено масно ткиво, кое треба да се топи, а тоа се овозможува преку активности - пешачење, џогирање, пливање, јога ... неколку пати неделно, се неопходни во борбата против целулитот.

0 коментари