Домашен лек од дуња

Освен што се употребува во исхраната, како овошје од кое се прават слатка и сокови, како лек дуњата се употребува против пролив, против испукана кожа, разни воспаленија и рани.
Сок од свежа дуња (се ренда па се цеди) се пие против бледило на кожата, а се става како облога на рани што крварат, поради својата способност да ги стега крвните садови.
Семките од дуња се покиснуваат во вода и кога таа ќе стане леплива се користи за грагара, при воспаление на грло, врз очните капаци при воспаление на очите и на рагади (прскотини) на брадавиците на дојките кај доилки.
0 коментари