Домашни кифлички

Потребни состојки за овој рецепт се следниве:
За тесто:
1кг сенаменско бело брашно
40г свеж квасец
2 лажички шеќер
2 јајца
150мл масло за јадење
100мл млеко
2 лажички сол
околу 300мл вода
Пред печење:
1 јајце за премачкување
100г маргарин
50г сусам
Постапка:
Квасецот се разматува со 1 чаша топла вода, се додаваат шеќерот и 2 лажици од брашното за да се добие каша и се остава да стасува. Стасаниот квасец се замесува со брашното, јајцата, маслото за јадење, солта и остатокот од водата. Убаво се меси додека не се добие мазно тесто, кое се остава на топло да нарасне за една половина од волуменот. Тестото се дели на 8 дела, се обликуваат топчиња, се расукуваат во тркалезна форма, се сечат зрачесто на 7 дела и се виткаат кифлички. Се редат на подмачката тепсија и се оставаат на топло околу 20 минути. Се премачкуваат со 1 разматено јајце, се посипуваат со сусам, меѓу нив се ставаат парченца маргарин и се печат на загреана печка на 200 до 250 степени околу 20 минути.
0 коментари