Сушените овошја и нивните моќи

Сушените овошја се природни витамини кои се корисни за организмот не само во зима туку во текот на целата година. Тие се корисни и вкусни, а ако ги комбинирате со ореви, ќе се добие идеален појадок.
Сушеното овошје го подобруваат расположението , ве исполнува со енергија и е одлична алтернатива за шеќерот. Тие се вреден извор на витамини и микроелементи.
Сушените овошје се богати со фруктоза, која ја задоволува потребата од благо, без да предизвикуваат покачување на телесната тежина. Ако секој ден умерено конзумирате сушено овошје, се грижите за вашето здравје на вистински начин.
Концентрацијата на корисните материи во сушеното овошје е поголема отколку во свежите. Доволно е да консумирате само десет дена грст суво овошје и лицето ќе ви заблеска, а косата и ноктите ќе станат здрави и убави.
При варењето голем дел од корисните материи во сушеното овошје се уништуваат, затоа одбегнувајте ги компотите од сушено овошје.
Сушените јаболка се богати со калциум, железо, витамини Ц, B6, B , E и други. Јаболкото во сушена форма може да се користи за превенција на настинки, срцеви и ендокрини заболувања.
Сушените круши содржат витамин А, Ц, Б1 и фитоноиди. Во сушените круши има многу целулоза, која ја нормализира работата на желудникот. А имаат и против микробна функција, односно помагаат за исфрлање на тешки метали и токсини од организмот.
Сушените сливи содржат танини , витамини A, Ц, Б1, Б2, натриум, калциум и магнезиум, Сливите во сушена форма го отстрануваат чувството на тревога и ја зголемуваат отпорноста на организмот кон стресните ситуации.
0 коментари