Бадникова трпеза

Се верува дека за овој празник треба сите да бидат во своите домови, со своите најблиски.
Традиционално се приготвува и бадниковата трпеза која треба да биде посна и богата. На масата се послужуваат солени и благи посни јадења.
Според верувањата богатата трпеза означува дека и годината ќе биде богата.
Традиционално на бадниковата трпеза за вечера се поставува риба, погача без квасец, суво овошје, посно графче, зелник, печена тиква.
Според старите македонски верувања за богата и плодна година во куќата, на бадниковата маса треба се послужи и ореви, пченка и метални парички, јаболка, додека пак за годината да биде слатка, на бадниковата трпеза се ставаат и бонбони.
На крајот на вечерата, како десерт се јаде печена тиква како и посна баклава.
0 коментари