Видео рецепт: Домашна боза

Денес ќе готвиме заедно со Лудо, готвач член на нашата веб-страница. Лудо ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Домашна боза.
Познавате ли некој кој не ужива во чаша ладна и освежителна боза?
Сигурно мислевте дека е тешко да се направи дома, но oвој рецепт ќе ве убеди во спротивното.
Потребни ви се само брашно, шеќер и квасец.
Кога брашното ќе добие златеста боја, додадете ја водата. Мешајте постојано за да не се направат грутки. Варете околу 5-1о минути за брашното убаво да се свари и да се добие кашеста смеса.
Чекор 2: Додадете го и шеќерот. Пробајте на вкус дали ви е доволно благо. Доколку не е, додадете шеќер по желба, промешајте и оставете убаво да се олади.
Чекор 3: Свежиот квасец измешајте го со малку вода и шеќер и оставете да стаса.
Кога бозата е оладена додадете го стасаниот квасец, убаво промешајте и оставете го 24 часа на собна температура да ферментира.
Чекор 4: Изладете ја, и потоа сервирајте ја бозата сама, или со вашите омилени слатки!
СОВЕТ: За подобра арома, можете да додадете и 10 грама ванилин шеќер. Може да употребите било какво брашно кое го имате дома.
Извор: Мои Рецепти








0 коментари