Димениот
лосос и јајцата се одлична комбинација за појадок особено ако станува
збор за кајгана или за јајца Бенедикт подготвени со јајца на око.
Но,
ова е малку пософистицирана салата со меко варени јајца, додека жолчките
да омекнат и да станат кремасти.
Состојки
2-3 јајца
3 млади компири
75 грама димен лосос
Власец
Мајонез
1 лимон
Листови зелена салата
Ќе ви треба и:
Сол, бибер и маслиново масло
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Длабока тава со рачки и Сад за сос.
Подготовка
Чекор 1: Исечкајте ги компирите и варете ги во
солена вода со маслиново масло – доколку добро ги зачините сега
компирите, тогаш нема да има потреба да додавате зачини подоцна во
подготовката.
Чекор 2: За да ги сварите јајцата доволно ви е да
вријат 6 минути. Потоа ставете ги во ладна вода за да се оладат пред да
ги лупите. Најдобро е јајцата да бидат недоварени за жолчката да им биде
мека, кремаста, па дури и малку течна. Сепак, варете ги јајцата според
вашите желби.
Чекор 3: За да ја послужите салатата употребете ја
вашата креативност, но внимавајте најголемо внимание при декорацијата да
им обрнете на компирите, лососот и јајцата. На крај додадете уште малку
мајонез, власец и лимон.
СОВЕТ:
Зачините се клучни за оваа салата – димениот лосос е природно солен па
затоа внимавајте на тоа колку сол и бибер ќе додадете во салатата. Оваа
салата е полна со протеини и хранливи состојки, па може да ја јадете
како главно јадење!
0 коментари