Ново

loading...

Како да го исчистите домот после поплава?

Поплавата во домот предизвикува големи штети, но со брзо и правилно делување, можат да се спречат големите штети кои ги носи.  Најголема опасност од поплавите во домот е појавата и брзиот развој на габи и мувла, на кои им е потребно 48 часа да се развијат и да започне штетното делување. Делуваат штетно на здравјето, предизвикувајќи инфекции, астма, алергиски реакции и други болести. Затоа, веднаш делувајте!


Чистење и дезинфекција на просторот

Прво што мора да направите е темелно чистење на просторот. Водата исфрлете ја со испумпување. Направете список на штетата и оштетените предмети. Теписите и прекривките веднаш извадете ги и исфрлете ги, бидејќи во нив се развиваат најопасните микроорганизми. Облеката треба веднаш да ја исперете и добро да се исуши. Исушената облека сместете ја далеку од поплавениот простор. Мебелот треба веднаш да го покриете со алуминиумска фолија и да го одвоите од мокриот под. Исчистете ги предметите со средства за чистење дрво или паркет, избегнувајте средства кои се на база на хлор, бидејќи ќе ја уништите површината на дрвото. Мебелот од иверица после поплавата веднаш фрлете го, бидејќи тој е веднаш уништен, бидејќи натопената иверица не може да се поправи или е многу скапа нејзината поправка и не се исплати. Душеците, креветите и тапацираниот мебел најдобро е да го фрлите, поплавата предизвикува голема штета, но здравјето е најбитно! Невозможно е да се дезинфицираат и се голем извор на болести после поплавите. Истото направете го и со постелнините. Вредните книги и документи замрзнете ги во замрзнувач! Замрзнувањето го спречува пропаѓањето, бидејќи ја суши влагата од листовите. Списанијата и весниците фрлете ги веднаш.

Чистење на ѕидовите после поплавата

Користете заштитни ракавици, облека и маска бидејќи ќе имате работа со штетни микроорганизми и хемикалии! Грубо отстранете ја нечистотијата од ѕидовите и подовите. Отстранете неколку слоеви боја од ѕидовите, со што ќе го забрзате нивното сушење и ќе ја олесните поправката. Ѕидовите избришете ги со средство за дезинфекција или со парен чистач. Од кога ќе го дезинфицирате просторот, оставете се да се исуши добро. Бојадисувањето на ѕидовите следува од кога сме потполно сигурни дека ѕидовите се целосно суви.

0 коментари